ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИСТАНБУЛ ОСУДЕН НА 2,7 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НАВРЕДА НА ИЗБОРНИТЕ ВЛАСТИ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИСТАНБУЛ ОСУДЕН НА 2,7 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НАВРЕДА НА ИЗБОРНИТЕ ВЛАСТИЕкрем Имамоглу се сметаше за клучен противник на Ердоган на изборите догодина (Фото: АП)

    Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, доби затворска казна од две години и седум месеци за навреда на официјални лица. Турскиот суд му изрече и забрана за политичка активност, што значи дека нема да може да се кандидира на избори во истиот период.

    Имамоглу е осуден за навредување на членовите на Врховниот изборен совет на Турција и критичарите сметаат дека казната е обид да се елиминира клучен противник на Реџеп Таип Ердоган во пресрет на претседателските и парламентарните избори во јуни 2023.

    Педесет и двегодишниот Имамоглу, кој е член на опозициската Републиканска народна партија, најави обжалување на пресудата, што ја опиша како политичка. Илјадници луѓе се собраа вчера пред општинската зграда во Истанбул за да протестираат против пресудата.

    Имамоглу беше избран за градоначалник во март 2019, што се сметаше за голем пораз на Ердоган, чија партија го контролираше градот 25 години. Откако првичните резултати од изборите беа поништени, Имамоглу победи во прегласувањето со уште поголема разлика. Тој тогаш ја опиша одлуката за поништување како чин на глупост, поради што и му се судеше за навреда на официјални лица.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира