ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ОБЈАВИ ЛИСТА НА БОГАТИ СОПСТВЕНИЦИ НА ДВА ИЛИ ПОВЕЌЕ СТАНОВИ ЗА ДА ИМ НАПЛАТИ НОВ ДАНОК, ТИЕ СЕ ЖАЛАТ НА ЗАГРОЗЕНА БЕЗБЕДНОСТ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ОБЈАВИ ЛИСТА НА БОГАТИ СОПСТВЕНИЦИ НА ДВА ИЛИ ПОВЕЌЕ СТАНОВИ ЗА ДА ИМ НАПЛАТИ НОВ ДАНОК, ТИЕ СЕ ЖАЛАТ НА ЗАГРОЗЕНА БЕЗБЕДНОСТГрадоначалникот Мамдани ја брани мерката како праведен начин за собирање 500 милиони долари годишен приход, со кои би се финансирале бесплатна грижа за деца и подобрен јавен превоз. (Фото: Градска управа на Њујорк)

    Градските власти на Њујорк објавија јавна листа со имиња и адреси на сопственици на луксузни имоти, како дел од планот на градоначалникот Зохран Мамдани за воведување годишен данок за втори домови вредни над пет милиони долари, односно станови и станбени задруги со вредност над еден милион долари.

    Овој потег предизвика остри реакции и беше главна тема на сослушувањето во градскиот совет, свикано поради начинот на кој мерката се спроведува. Членката на советот Камила Хенкс изјави дека листата неправедно ги таргетира сопствениците и претставува безбедносен ризик, создавајќи поделби меѓу граѓаните. Од Одделот за финансии на Њујорк одговорија дека објавените податоци се веќе јавно достапни според законските обврски на администрацијата.

    Листата опфати речиси еден милион имоти, вклучувајќи адреси на познати личности како хеџ-фонд менаџерот Кен Грифин со пентхаус од 239 милиони долари, режисерот Вуди Ален, поранешната уредничка на „Вог“ Ана Винтур и актерката Синтија Никсон. Градските власти на крајот испратија даночни известувања до 17.000 лица.

    Група сопственици на имоти поднесе тужба против градската администрација со барање податоците да се повлечат од јавноста. Градоначалникот Мамдани ја брани мерката како праведен начин за собирање 500 милиони долари годишен приход, со кои би се финансирале бесплатна грижа за деца и подобрен јавен превоз.

    Џејсон Хабер од Американската асоцијација за недвижности изјави дека објавувањето на податоците може да ги изложи граѓаните на измами и злоупотреби, додавајќи дека некои купувачи веќе го одложуваат купувањето недвижности. Од друга страна, Морис Перл од групата „Патриотски милионери“ смета дека луѓето што поседуваат секундарни домови вредни над пет милиони долари имаат финансиски капацитет да придонесат повеќе за градот.

    Слични даноци за дополнителни и празни домови веќе се применуваат на други места. Во Париз постои дополнителна такса од 60 проценти за втори домови, додека Ванкувер од 2017 година наплаќа три проценти за имоти што се празни повеќе од шест месеци годишно. Во Сан Франциско, слична мерка изгласана во 2022 година беше оспорена на суд и прогласена за неуставна, по што градот поднесе жалба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира