ГРЧКА СЛУЖБЕНИЧКА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ОБВИНЕТА ЗА ПРОНЕВЕРА НА МИЛИОН ДОЛАРИ

    ГРЧКА СЛУЖБЕНИЧКА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ОБВИНЕТА ЗА ПРОНЕВЕРА НА МИЛИОН ДОЛАРИОсомничената е обвинета за злоупотреба на над 1.000.000 долари меѓу 2014 и 2021

    Грчка службеничка во Обединетите нации, која имала важна функција да управува со значителни средства, се соочува со обвиненија за измама и фалсификување, откако наводно проневерила повеќе од милион долари во текот на седум години.

    Случајот првично бил поднесен од ОН до Канцеларијата на Европското јавно обвинителство, кое се прогласи за ненадлежно и го проследи досието до атинското обвинителство.

    Осомничената е обвинета за злоупотреба на над 1.000.000 долари меѓу 2014 и 2021 година. Нејзините криминални активности биле откриени за време на рутинска ревизија во ОН, која открила дека таа поднесувала извештаи за трошоците со фалсификувани документи. Таа ги негирала наводите, тврдејќи дека е жртва на нејзините претпоставени и ја припишала измамата на пропусти во системот за следење.

    Обвинителот сепак подигна обвинение за две кривични дела против неа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира