Грчкиот министер за цивилна заштита вчера поднесе оставка откако беше забележан на одмор додека пожари беснеат ширум земјата.
Премиерот Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на министерот Нотис Митараки, кој е надлежен за јавните служби за безбедност, вклучувајќи ја и полицијата, која што им помага на пожарникарите во справување со бројните пожари близу туристички дестинации, градови и воени бази.
Сведоци, според грчките медиуми, го забележале Митараки на островот Патмос.
„Тој отиде на далечен остров на одмор како ништо да не се случува“, напиша вчера „Катимерини“.
Тој навел „лични причини“ во оставката, според соопштението на кабинетот на Мицотакис. Митараки ќе биде заменет со Јаникс Иконому, досегашниот алтернативен министер за спорт.
Пет луѓе загинаа како последица на пожарите во Грција минатата недела и 74 повредени, според грчките власти.