ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ МУ ИЗГЛАСА ДОВЕРБА НА ЦИПРАС, ОТВАРАЈЌИ ПАТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ СО МАКЕДОНИЈА

    ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ МУ ИЗГЛАСА ДОВЕРБА НА ЦИПРАС, ОТВАРАЈЌИ ПАТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ СО МАКЕДОНИЈАЦипрас ја доби поддршката од 151 пратеник во Парламентот од 300 пратеници - Ципрас со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис Фото: Ројтерс- архивска фотографија)

    Грчкиот парламент изгласа доверба на Владата на Алексис Ципрас со што се отвара патот Парламентот да го ратификува договорот со кој се става крај на долгогодишниот спор за името со Македонија.

    Ципрас ја доби поддршката од 151 пратеник од Парламентот што има 300 пратеници, обезбедувајќи тесно мнозинство за да не оди на предвремени избори.

    Тој побара гласање за доверба во неделата, откако неговиот десничарски коалиционен партнер Панос Каменос даде оставка од функцијата министер за одбрана, затоа што не се согласува со договорот за името.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира