ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ УТРЕ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ГЛАСА ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

    ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ УТРЕ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ГЛАСА ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПАЗа усвојување на Договорот, ќе бидат доволни и половина од присутните пратеници

    Грчкиот парламент денеска ја почна дебатата за Договорот од Преспа, со кој треба да се стави крај на 27-годишниот спор за името помеѓу Грција и Македонија и кој, меѓу другото, предвидува новото име на државата да биде Република Северна Македонија.

    Дебатата треба да продолжи и цел ден утре и да финишира со гласањето за Договорот утре на полноќ.

    За усвојување на Договорот, на премиерот Ципрас ќе му бидат доволни и половина од присутните пратеници, но тој кажа дека сака апсолутно мнозинство од 151 пратеник и грчките медиуми најавуваат дека ќе успее во тоа.

    Договорот од Преспа во вторникот помина во парламентарниот Комитет за национална одбрана и надворешни работи.

    Македонското Собрание минатиот месец го ратификуваше договорот и откако ќе помине и во Атина, Македонија конечно ќе може да го почне процесот на придружување кон НАТО и Европска Унија, на што Грција досега постојано ставаше вето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира