ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ НАЈАВИЈА ПОСТРОГА РЕАКЦИЈА ПО СЕРИЈА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ИЗРАЕЛСКИТЕ ТУРИСТИ, ВЕЛАТ ДЕКА ДЕМОНСТРАЦИИТЕ СТАНАЛЕ РАСИСТИЧКИ

    ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ НАЈАВИЈА ПОСТРОГА РЕАКЦИЈА ПО СЕРИЈА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ИЗРАЕЛСКИТЕ ТУРИСТИ, ВЕЛАТ ДЕКА ДЕМОНСТРАЦИИТЕ СТАНАЛЕ РАСИСТИЧКИВо споредба со некои други европски земји, во Грција имало помалку пропалестински демонстрации откако започна војната во Газа (Фото: ЕПА)

    Во Грција се зголемуваат демонстрациите против израелските туристи поради тековната војна во Газа. Локалната полиција се судри вчера со демонстрантите кои се обидуваа да спречат околу 1.500 израелски туристи да се истоварат од крузер во пристаништето Агиос Николаос на Крит.

    Грчките власти кажаа дека собирите преминале од антивоени протести во нешто што ги напаѓа Израелците пошироко и сугерираа дека има расистички елемент во демонстрациите.

    Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар го контактираше својот грчки колега Јоргос Герапетритис во врска со еден неодамнешен инцидент, а владата во Атина вети дека ќе усвои построг став и ќе употреби антирасистичко законодавство за да ги потисне демонстрантите.

    Секој што ќе се обиде да спречи странски државјанин легално да влезе во земјата ќе биде гонет, уапсен и подложен на кривична постапка според антирасистичкото законодавство“, изјави министерот за јавен ред Михалис Хрисохоидис минатата недела.

    Вчера попладне, демонстрантите развеаја огромно палестинско знаме и извикуваа „Слобода на Палестина“, додека израелските туристи се симнуваа од бродот „Краун Ајрис“ за автобуски тури низ Крит. Според локалните медиуми, избиле тепачки помеѓу полицијата и демонстрантите. Полицијата употребила солзавец за да ја растера толпата и привела четири лица.

    Ова е трет ваков инцидент за една недела. Во понеделникот дошло до тепачка кога крузер со 600 Израелци се закотвил во Родос. Притоа биле приведени 13 лица. Минатата недела, крузерот „Краун Ајрис“ дојде на островот Сирос, но патниците не се симнаа откако демонстрантите протестираа во пристаништето. Бродот на крајот исплови за Кипар.

    Израелските туристи постојано ја избираат Грција како врвна дестинација за одмор поради нејзините убавина, култура и топло гостопримство. Тие често патуваат, трошат великодушно и ги зајакнуваат локалниот туризам и врската помеѓу нас“, објави израелскиот амбасадор во Грција на Икс.

    Во споредба со некои други европски земји, во Грција имало помалку пропалестински демонстрации откако започна војната во Газа во октомври 2023. Според една анкета од јуни, околу 55 проценти Грци веруваат дека земјата треба да остане неутрална во однос на конфликтот во Газа, а околу 34 проценти мислат дека треба да биде против Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира