ГРЕТА ТУНБЕРГ ГО ОБВИНИ ИЗРАЕЛ ЗА МАЧЕЊЕ НА ПРИТВОРЕНИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ХУМАНИТАРНАТА ФЛОТИЛА ЗА ГАЗА

    ГРЕТА ТУНБЕРГ ГО ОБВИНИ ИЗРАЕЛ ЗА МАЧЕЊЕ НА ПРИТВОРЕНИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ХУМАНИТАРНАТА ФЛОТИЛА ЗА ГАЗАТунберг беше пречекана од бројни луѓе по депортирањето од Израел во Грција (Фото: Интајм њуз)

    Грета Тунберг изјави дека таа и други приведени членови на хуманитарната флотила „Сумуд“ биле киднапирани и мачени од израелската војска во затворот. Таа одби да изнесе детали, освен што кажа дека не добиле чиста вода, а на други притвореници не им биле дадени важни лекови.

    Лично, не сакам да споделувам на што бев подложена, не сакам наслови дека Грета била мачена, оти тоа не е приказната овдека. Сепак, тоа не беше ништо во споредба со она на што секојдневно се изложени луѓето во Газа“, кажа Тунберг на прес-конференција во Стокхолм.

    Флотилата се состоеше од повеќе од 40 цивилни бродови со 478 патници од разни националности, меѓу кои имаше парламентарци, адвокати, новинари и активисти. Таа се обидуваше да ја пробие 16-годишната поморска блокада на Газа и да достави симболична количина храна и лекови. Сепак, сите бродови беа пресретнати од израелската морнарица пред да стигнат до територијалните води на Газа, а учениците беа приведени и подоцна депортирани.

    Израелското министерство за надворешни работи негираше дека членовите на флотилата немале добар третман.

    Сите притвореници имаа пристап до вода, храна и тоалети, не им беше одбиен пристап до правен советник и сите нивни законски права беа целосно почитувани“, изјави министерството минатата недела.

    Сумуд“ го обвини Израел дека ја киднапирал хуманитарната флота, дека бродовите незаконски биле пресретнати, а учесниците биле одведени против нивна волја.

    Израелската војска нема законска надлежност над меѓународните води. Нашата флотила не претставуваше никаква опасност“, соопшти „Сумуд“.

    Оттаму кажаа дека бродовите превезувале лекови, респираторна опрема и прехранбени залихи наменети за болниците во Газа во вредност од над 110.000 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира