ГРЕТА ТУНБЕРГ НАЈАВИ НОВ ОБИД ЗА ПРОБИВАЊЕ НА ИЗРАЕЛСКАТА БЛОКАДА НА ГАЗА СО УЧЕСТВО НА ДЕСЕТИЦИ БРОДОВИ

    ГРЕТА ТУНБЕРГ НАЈАВИ НОВ ОБИД ЗА ПРОБИВАЊЕ НА ИЗРАЕЛСКАТА БЛОКАДА НА ГАЗА СО УЧЕСТВО НА ДЕСЕТИЦИ БРОДОВИВо јуни, Тунберг беше дел од 12-мина активисти кои со јахта се обидоа да ја пробијат блокадата на Газа (Фото: АП)

    Климатската активистка Грета Тунберг кажа дека ќе се придружи на флотила која ќе се обиде да ја пробие поморската блокада на Газа, откако во првиот обид беше приведена и депортирана од Израел.

    „На 31 август го почнуваме најголемиот обид за пробивање на нелегалната израелска опсада на Газа, со десетици бродови што ќе испловат од Шпанија. Ќе се сретнеме со уште десетици на 4 септември што ќе пловат од Тунис и други пристаништа. Исто така, мобилизираме повеќе од 44 земји на истовремени демонстрации и акции во знак на солидарност со палестинскиот народ“, напиша Тунберг на Инстаграм.

    Во почетокот на јуни, Тунберг беше дел од 12-мина активисти кои со јахта се обидоа да ја пробијат блокадата на Газа, со цел да достават симболично количество хуманитарна помош. Израелските сили го пресретнаа пловилото пред да стигне до брегот и го приведоа екипажот.

    Геноцидот врз Палестинците во Газа ескалира веќе 22 месеци. Израел фрли еквивалент на осум атомски бомби врз мажи, жени и деца. Болниците, засолништата, училиштата и домовите се целосно уништени. Не можеме да стоиме настрана додека ова продолжува“, кажа Тунберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира