Грчката влада воведе нови коронамерки во пресрет на празниците и најави дополнителни рестрикции во новата година кога се очекува позабрзано ширење на сојот омикрон.
„Омикрон е во нашата земја“, изјави министерот за здравство Танос Плеврис.
Од утре, маските повторно ќе бидат задолжителни во места како цркви, јавен превоз и супермаркети. Сите празнични настани што општините ги планираа за наредните денови се откажани со цел да се избегнат гужви.
Оние кои влегуваат во Грција ќе мора задолжително да се тестираат на вториот и четвртиот ден по доаѓањето. Плеврис исто така им препорача на Грците да се тестираат пред да одат на семејни собири.
„Мерките стапуваат на сила утре наутро и ќе важат до 2 јануари и имаат за цел безбедно да ги прославиме Божиќ и Нова година“, кажа тој.
По 3 јануари, владата ќе воведе нови рестрикции кои ќе се однесуваат на забавните и спортските настани и на несуштинските активности.