ГРЦИЈА ЌЕ ГИ ОТКАЖЕ СИТЕ СУДЕЊА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, ОСВЕН ОНИЕ ШТО СЕ ПРЕД ЗАСТАРУВАЊЕ

    ГРЦИЈА ЌЕ ГИ ОТКАЖЕ СИТЕ СУДЕЊА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, ОСВЕН ОНИЕ ШТО СЕ ПРЕД ЗАСТАРУВАЊЕПразна судница во Грција (Фото: Катимерини)

    Грчките власти ќе ги откажат сите судења во земјата, како дел од новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Исклучок ќе бидат случаите кои што се пред застарување, како судењата кај што има обвинет кому наскоро му истекува максималниот рок од 18 месеци во притвор.

    Во Грција има 99 заразени од коронавирус и еден починат. Денеска грчките власти ги претставија обемните мерки за борба против епидемијата, кои што вклучуваат запирање на плаќање на даноци под одредени услови и на исплата на рати за долгови, како и запирање на присилно извршување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира