ГРЦИЈА ЌЕ ИМ ПОНУДИ БЕСПЛАТЕН ОДМОР НА ТУРИСТИТЕ КОИ МОРАА ДА БЕГААТ ОД ПОЖАРИТЕ НА РОДОС

    ГРЦИЈА ЌЕ ИМ ПОНУДИ БЕСПЛАТЕН ОДМОР НА ТУРИСТИТЕ КОИ МОРАА ДА БЕГААТ ОД ПОЖАРИТЕ НА РОДОСПожарите од минатиот месец зафатија 15% од Родос (Фото: ЕПА)

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис им понуди бесплатен одмор следната година на сите туристи кои мораа да го прекинат летувањето на Родос поради неодамнешните големи пожари. Околу 20.000 туристи беа евакуирани во еден викенд поради пожарите кои зафатија 15% од грчкиот остров, при што никој не беше повреден.

    Ситуацијата сега е вратена во нормала. На сите оние на кои одморот им беше прекинат поради пожарите грчката влада во соработка со локалните власти ќе им понуди една недела бесплатен одмор на Родос следната пролет или следната есен, со цел да се вратат на островот“, изјави Мицотакис.

    Засега е нејасно дали во понудата ќе бидат вклучени и авионските карти, но понудата не се однесува на врвот на сезоната во лето.

    На Медитеранот секогаш имало пожари. Она што се смени во последните години поради климатските промени е нивниот интензитет. Моментално нема активни пожари во Грција и очекуваме така да остане во следните 15 дена“, кажа Мицотакис, кој најави поострување на казните за пироманите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира