ГРЦИЈА ОДРЖА ВОЕНА ПАРАДА ЗА 200 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА ЗА НЕЗАВИСНОСТ

    ГРЦИЈА ОДРЖА ВОЕНА ПАРАДА ЗА 200 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА ЗА НЕЗАВИСНОСТМанифестацијата вклучи парада на тенкови пред зградата на парламентот (Фото: АП)

    Грција одбележа 200 години од почетокот на Војната за независност со воена парада во Атина, на која присуствуваа и принцот Чарлс и неговата сопруга Камила и рускиот премиер Николај Мишустин.

    Јубилејната годишнина се совпадна со периодот кога ширењето на коронавирусот повторно се разгорува во земјата, па на јавноста не ѝ беше дозволено да присуствува. Грчката полиција спречи одржување на седум протести и маршови, повеќето организирани од националистички групи.

    Поради пандемијата, на јавноста годинава не ѝ беше дозволено да присуствува (Фото: АП)

    Манифестацијата вклучи и парада на тенкови пред зградата на парламентот, додека воени авиони надлетуваа над Акропол.

    Грчкиот бунт за независност почнал во регионот Мани на полуостровот Пелопонез во 1821 и продолжил со години без каква било странска поддршка. Во 1827 година, кога револуцијата била речиси скршена, интервенирале војските на Британија, Русија и Франција, кои ја уништиле турско-египетската флота во заливот Наварино, што им овозможило на Грците да продолжат да се борат. Грција конечно се здоби со независност во 1830 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира