ГРЦИЈА ОТВОРИ ПОВЕЌЕ ОД 500 ПЛАЖИ, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОДАВА АЛКОХОЛ

    ГРЦИЈА ОТВОРИ ПОВЕЌЕ ОД 500 ПЛАЖИ, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОДАВА АЛКОХОЛРастојанието меѓу чадорите треба да биде четири метри (Фото: Ројтерс)

    Грција отвори повеќе од 500 плажи во рамките на олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот.

    Властите го одобрија отворањето на плажите бидејќи беше најавено дека земјата ќе ја погоди топлотен бран, но ова исто така се смета за клучен тест за подготвеноста на Грција за претстојната летна сезона.

    Од посетителите се бара да го почитуваат социјалното дистанцирање, што предвидува и на која оддалеченост треба да бидат поставени чадорите. Дозволено е да има најмногу 40 луѓе на 1.000 квадратни метри, додека растојанието меѓу чадорите треба да биде четири метри.

    Баровите не смеат да продаваат алкохол, а киосците за храна не смеат да пуштаат музика. Исто така, забранети се водени спортови и други рекреативни активности на плажите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира