ГРЦИЈА ПРОТЕРА ДВАЈЦА РУСКИ ДИПЛОМАТИ ПОРАДИ ОБИД ДА ГО ПОТКОПААТ ДОГОВОРОТ СО МАКЕДОНИЈА

    ГРЦИЈА ПРОТЕРА ДВАЈЦА РУСКИ ДИПЛОМАТИ ПОРАДИ ОБИД ДА ГО ПОТКОПААТ ДОГОВОРОТ СО МАКЕДОНИЈАРусија ќе одговори со протерување на двајца грчки дипломати. - Грчкото МНР (Фото: Катимерини)

    Грчката влада одлучи да протера двајца руски дипломати и да им забрани влез во Грција на уште двајца други руски дипломати, обвинувајќи ги за мешање во внатрешните работи и за нелегални активности против грчката национална безбедност, објави „Катимерини“.

    Според извори на грчкиот весник, ваквиот потег на грчката влада следува по обидите на руските дипломати да го поткопаат договорот за името меѓу Грција и Македонија, потпишан минатиот месец, што би имало негативни последици по улогата на Грција на Балканот.

    Руското министерство за надворешни работи кажа дека ќе одговори соодветно на грчката одлука да протера двајца руски дипломати, јави руската агенција „Интерфакс“. Цитирајќи го пратеникот во горниот дом на рускиот парламент, Андреј Климов, агенцијата „РИА Новости“ објави дека ќе бидат протерани двајца грчки дипломати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира