ГРЦИЈА ПРВА ВО ЕУ ВОВЕДЕ МОЖНОСТ ЗА ШЕСТДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА, СИНДИКАТИТЕ ЈА СМЕТААТ МЕРКАТА ЗА ВАРВАРСКА

    ГРЦИЈА ПРВА ВО ЕУ ВОВЕДЕ МОЖНОСТ ЗА ШЕСТДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА, СИНДИКАТИТЕ ЈА СМЕТААТ МЕРКАТА ЗА ВАРВАРСКАШестдневната шема ќе се однесува на приватните фирми кои обезбедуваат деноноќни услуги (Фото: Гети)

    Грција стана првата земја во Европска Унија која им дозволи на компаниите да воведат шестдневна работна недела, што има за цел да ги задоволи потребите на зголеменото производство.

    Откако ги надмина другите европски држави во економскиот раст, земјата која беше во срцето на најлошата финансиска криза на континентот најави воведување на 48-часовна работна недела, што синдикатите го сметаат за варварски. Оваа мерка стапи на сила вчера, на 1 јули.

    Ова нема никаква смисла. Кога речиси секоја цивилизирана држава се стреми кон четиридневна работна недела, Грција одлучи да отиде во друга насока“, изјави Акис Сотиропулос од синдикатот на јавните службници „Адеди“.

    Владата на Кирјакос Мицотакис вели дека иницијативата е неопходна поради двојната опасност од намалувањето на населението и недостигот на квалификувани работници. Се проценува дека речиси 500.000 главно млади образовани Грци ја напуштиле земјата од почетокот на финансиската криза во 2009.

    Како што појасни владата, шестдневната шема ќе се однесува на приватните фирми кои обезбедуваат деноноќни услуги. Персоналот во одредени индустрии и производствени капацитети ќе има опција да работи дополнителни два часа на ден или дополнителна осумчасовна смена, што ќе се наградува со доплата од 40% на дневницата.

    Грците веќе работат најмногу часови во Европа, со просечни 41 час неделно, според Агенцијата за статистика на ЕУ, иако истражувањата исто така покажаа дека се платени многу помалку. Левичарската опозиција вели дека Грција има „бугарските плати во земја со британски цени“, тврдејќи дека феноменот само го влошил одливот на мозоци..

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира