ГРЦИЈА СЕ БОРИ СО ПЕТ ГОЛЕМИ ПОЖАРИ, ОГНОТ ГО ЗАГРОЗУВА ТУРСКИОТ ГРАД БУРСА

    ГРЦИЈА СЕ БОРИ СО ПЕТ ГОЛЕМИ ПОЖАРИ, ОГНОТ ГО ЗАГРОЗУВА ТУРСКИОТ ГРАД БУРСАТурција со недели се бори со пожари (Фото: АП)

    Грција се бори со пет големи пожари низ земјата, при што властите евакуираа жители од подрачје оддалечено само 30 километри од Атина. Владата побара помош во гаснењето од Европската Унија, додека чадот може да се почувствува и во центарот на Атина.

    Грција е среде топлотен бран, при што за денеска е најавена температура и од 44 Целзиусови степени.

    Имаме повредени пожарникари, човечки животи се во опасност, имоти се изгорени, шумски области се уништени“, изјави министерот за климатска криза и цивилна заштита Јанис Кефалојанис.

    Повеќе од 200 пожарникари се борат со пожарите во регионот Атика, на кој му припаѓа и Атина, а вон контрола се и оние на островот Евија. Досега се повредени шестмина пожарникари. Голем пожар се шири и на островот Китира и локалните жители ги опишуваат сцените како целосно уништување.

    И Турција со недели се бори со пожари, кои сега го загрозуваат четвртиот по големина град Бурса. Повеќе од 1.700 луѓе ги напуштиле своите домови, а еден пожарникар починал на должност. Гувернерот на Бурса изјави дека пожарите на пошумените планини околу градот брзо се ширеле ноќеска, при што се евакуираат цели села. Автопатот што ја поврзува Бурса со Анкара е затворен.

    Пратеникот кој ја застапува провинцијата Орхан Сарибал ја опиша ситуацијата како апокалиптична.

    Министерот за шумарство Ибрахим Јумакли изјави дека вчера низ земјата имало 76 пожари. Високите температури, сувите услови и силните ветрови го помагаат ширењето на огнот. Во Турција во петокот беше измерена највисоката температура досега, од 50,5 степени во југоисточната провинција Сирнак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира