ГРЦИЈА ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ОПАСНОСТ ПО АМЕРИКАНСКИТЕ ОБЈЕКТИ ВО ЗЕМЈАТА, НО ЌЕ ПОСТАВИ ПРОТИВРАКЕТЕН СИСТЕМ НА ЕГЕЈСКИОТ ОСТРОВ КАРПАТОС

    ГРЦИЈА ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ОПАСНОСТ ПО АМЕРИКАНСКИТЕ ОБЈЕКТИ ВО ЗЕМЈАТА, НО ЌЕ ПОСТАВИ ПРОТИВРАКЕТЕН СИСТЕМ НА ЕГЕЈСКИОТ ОСТРОВ КАРПАТОСГрчките власти велат дека преземаат превентивни мерки поради конфликтот на Блиски Исток (Фото: АП)

    Грција ќе префрли противракетен систем „патриот“ на островот Карпатос во југоисточниот дел на Егејското Море за да ја засили одбраната од воздушни напади.

    Грчкиот министер за одбрана Јоргос Герапетритис изјави дека во моментов нема опасност по американските објекти во земјата, вклучувајќи ја поморската база во Суда на Крит, но додаде дека властите преземаат превентивни мерки поради конфликтот на Блиски Исток. Тој ја опиша регионалната ситуација како асиметрична и непредвидлива по убиството на иранскиот врховен водач Али Хамнеи.

    „Јасно е дека по смртта на Хамнеи, ситуацијата во раководството на Иран и Револуционерната гарда е релативно хаотична, поради што не можеме со сигурност да предвидиме какви ќе бидат потенцијалните напади. Сепак, мислам дека во моментов акцентот на Иранците е ставен на американските бази лоцирани околу Заливот“, рече Герапетритис.

    Грција претходно кажа дека ќе испрати две фригати и четири борбени авиони „Ф-16“ на Кипар откако тамошна британска воена база беше нападната од ирански дронови. Воено засилување на Кипар најави и Франција, која ќе испрати фригата и противракетни и противдронски системи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира