Големо шпанско истражување на коронавирусот откри дека само 5% од тамошната популација имаат развиено антитела, што ги зацврсти тврдењата дека групниот имунитет не може да се постигне.
Студијата објавена во медицинското списание „Лансет“ покажа дека 95% од населението во Шпанија остануваат подложни на коронавирусот. Групен имунитет или имунитет на стадото се постигнува кога доволен дел од населението, за што се верува дека е околу 60%, е заразен со вирус или вакциниран против него, со што се спречува негово натамошно ширење.
Европскиот центар за контрола на болести кажа дека во шпанското истражување биле испитани 61.000 примероци, што го прави најголемо во Европа досега. Слични истражувања веќе се направени во Кина и САД и тие покажале дека најголем дел од населението останува неизложен на коронавирусот, дури и во областите каде што има негово големо ширење.
„Во поглед на ова, секој предложен пристап за постигнување на имунитет на стадото преку природна зараза не само што е неетички, туку и неостварлив“, изјави Изабела Екерле, директорката на Центарот за заразни болести во Женева.
Лекарите и натаму не знаат со сигурност дали некој може повторно да се зарази со коронавирусот доколку има развиено антитела.