ГРУЗИЈА БЕЛЕЖИ НЕОЧЕКУВАН ЕКОНОМСКИ БУМ ОТКАКО СТАНА ПРИБЕЖИШТЕ ЗА НАД 110.000 РУСИ КОИ ИЗБЕГАА ОД ВОЈНАТА НА ПУТИН

    ГРУЗИЈА БЕЛЕЖИ НЕОЧЕКУВАН ЕКОНОМСКИ БУМ ОТКАКО СТАНА ПРИБЕЖИШТЕ ЗА НАД 110.000 РУСИ КОИ ИЗБЕГАА ОД ВОЈНАТА НА ПУТИНГрупа Руси преминува во Грузија преку граничниот премин Верхни Ларс (Фото: АП)

    Додека Европа се бори со последиците од војната во Украина, една мала држава ужива неочекуван економски бум.

    Грузија е на патот да стане една од најбрзо растечките економии на светот оваа година како резултат на напливот на повеќе од 100.000 Руси, кои бегаат од својата земја поради војната и стравот од мобилизација. И додека најголем дел од светот се движи кон рецесија, оваа земја со 3,7 милиони жители очекува да оствари рекорден економски раст од 10% во 2022, велат меѓународните институции.

    Од економски аспект, на Грузија ѝ оди многу добро. Има своевиден бум. Сите индустрии работат добро, од најмалите до корпорациите. Нема ниедна гранка која има проблеми оваа година“, вели Вахтанг Буцхрикиѕе, извршниот директор на најголемата грузиска банка „ТБЦ“.

    Европската банка за обнова и развој во март предвиде дека војната ќе има тешки последици по грузиската економија, а Светската банка процени дека економскиот раст во 2022 ќе падне на 2,5% од почетните 5,5%.

    Најмалку 112.000 Руси емигрирале во Грузија оваа година, покажуваат граничните податоци, од кои 43.000 во првиот голем бран набргу по почетокот на инвазијата на Украина.

    Освен што дели копнена граница со Русија, Грузија има и либерална имиграциска политика, поради што бројни Руси и други странски државјани живеат и отворија бизниси во оваа земја без да им треба виза. Исто така, Русите кои бегаат од војната со себе носат и пари.

    Меѓу април и септември, Русите префрлиле над милијарда долари во Грузија преку банки и други сервиси, пет пати повеќе во споредба со лани. Тој наплив помогна грузиската валута лари да биде најсилна во последните три години.

    Според Буцхрикиѕе, речиси половина од дојдените Руси се од технолошкиот сектор.

    Тоа се високообразовани, богати луѓе, кои доаѓаат со бизнис идеи и ја зголемуваат потрошувачката. Очекувавме војната да има многу негативни влијанија, но излезе обратно“, вели тој.

    Економистите предупредуваат дека бумот можеби нема да трае долго, па ја охрабруваат владата паметно да ги искористи новите даночни приходи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира