„ГУГЛ“ СЕ ОТКАЖА ОД ВЕТУВАЊЕТО ДЕКА НЕМА ДА ЈА КОРИСТИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ОРУЖЈЕ

    „ГУГЛ“ СЕ ОТКАЖА ОД ВЕТУВАЊЕТО ДЕКА НЕМА ДА ЈА КОРИСТИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ОРУЖЈЕ„Гугл“ кажа дека оригиналните принципи за ВИ мораа да бидат ажурирани зашто технологијата напреднала (Фото: Гети)

    „Алфабет“, фирмата која го поседува „Гугл“, се откажа од ветувањето дека никогаш нема да ја користи вештачката интелигенција (ВИ) за развој на оружје и алатки за надзор. Компанијата ги преправи водечките принципи за користење на ВИ, отстранувајќи го делот во кој се отфрла нејзината употреба што „веројатно би предизвикала штета“.

    Потпретседателот на „Гугл“ Џејмс Мањика и шефот на лабораторијата за развој на ВИ Демис Хасабис го бранеа потегот.

    „Бизнисите и демократските влади мора да работат заедно на ВИ што ја поддржува националната безбедност“, кажаа во заеднички блог.

    Тие додаваат дека оригиналните принципи за ВИ објавени во 2018 мораа да бидат ажурирани зашто технологијата напреднала.

    „Милијарди луѓе ја користат ВИ во секојдневниот живот. Од тема за истражување во лабораторија таа стана широко распространета технологија. Во исто време, геополитичкиот пејзаж стана многу сложен. Веруваме дека демократиите треба да го предводат развојот на ВИ, водени од основните вредности како слобода, еднаквост и почитување на човековите права“, стои во блогот.

    Експертите и професионалците за вештачка интелигенција водат дебата за тоа како треба да се користи оваа нова моќна технологија во широки рамки и како да се спречат ризиците за човештвото. Исто така, има контроверзи околу употребата на ВИ на бојното поле и во технологиите за надзор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира