ХАГ ГО ОСУДИ ШЕШЕЉ НА 10 ГОДИНИ ЗАТВОР, НО КАЗНАТА ВЕЌЕ ЈА ОДЛЕЖА

    ХАГ ГО ОСУДИ ШЕШЕЉ НА 10 ГОДИНИ ЗАТВОР, НО КАЗНАТА ВЕЌЕ ЈА ОДЛЕЖАВојислав Шешељ претходно беше 12 години во притвор во Хаг, што судот сега му го зеде предвид (Фото: Пиксел)

    Судот во Хаг го осуди лидерот на српските радикали Војислав Шешељ на десет години затвор, но тој, сепак, нема да оди повторно зад решетки.

    Механизмот за меѓународните кривични судови, кој е своевиден наследник на Хашкиот суд, денеска го прогласи Шешељ за виновен за прогон и депортација на хрватското население од селото Хртковци во Војводина, каде што одржа хушкачки говор во мај 1992 година.

    Тој доби десет години затвор, но бидејќи претходно одлежа речиси 12 години во Хаг, што сега му е земено предвид, нема повторно да се бара негово притворање.

    Како што и претходно најави, Шешељ не присуствуваше на изрекувањето на пресудата. Тој претходно беше ослободен од одговорноста за слични говори во Вуковар (Хрватска) и во Мал Зворник (БиХ).

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари