ХАКИРАНА БАЗАТА НА ПОДАТОЦИ НА ФБИ

ХАКИРАНА БАЗАТА НА ПОДАТОЦИ НА ФБИХакирана е базата на податоци од областа на кривичното правосудство, достапна за локалните, државните и федералните органи на прогонот, која содржи евиденција за бегалци, исчезнати лица, податоци за криминалното досие, украден имот и други информации. (Фото: АП)

ФБИ истражува наводен упад во национална база на податоци за органите на прогонот, која самата ја одржува, изјави денеска лице запознаено со случајот. Националниот центар за информации за криминал (НЦИК) (National Crime Information Center – NCIC) претставува компјутеризирана база на податоци од областа на кривичното правосудство, достапна за локалните, државните и федералните органи на прогонот. Таа содржи евиденција за бегалци, исчезнати лица, податоци за криминалното досие, украден имот и други информации.

ФБИ денеска одби да го коментира наводниот упад. За инцидентот првично извести „Си-Ен-Ен“, а за „Асошиејтед прес“ го потврди лице запознаено со случајот, кое нема овластување да зборува јавно и побара да остане анонимно.

Размерите на проблемот не беа веднаш јасни.

Прашан за ова денеска, претседателот Доналд Трамп во интервју за каналот „Фокс њуз“ изјави: „Штотуку слушнавме за тоа и ќе кажам дека не е добро“.

Веста дека НЦИК бил цел на напад доаѓа во момент кога во земјата се случија низа дигитални прекини во владиниот и приватниот сектор. Според претставници на администрацијата на Трамп, овие прекини се должат на рутински активности за надградба на компјутерските системи и отстранување на ранливости, а не на сајбернапад. Засега нема индиции дека инцидентот во ФБИ е поврзан со тие прекини.

Историски гледано, Бирото честопати било цел на хакери.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира