ХАМАС ОБЈАВИ ДЕКА ЈА РАСПУШТИЛ СВОЈАТА ВЛАДА ВО ГАЗА

    ХАМАС ОБЈАВИ ДЕКА ЈА РАСПУШТИЛ СВОЈАТА ВЛАДА ВО ГАЗАХамас одбива да се разоружи додека Израел не ги запре нападите во Газа (Фото: Флеш90)

    Хамас соопшти дека ја распуштил својата влада во Газа и дека е подготвен да ја предаде власта на група палестински технократи, што Израел го отфрли како трик.

    Ветувањето на Хамас дека ќе го укине своето тело за надзор на министерствата беше клучен дел од планот за цивилно управувана повоена Газа, што го претстави Доналд Трамп по почетокот на кревкото примирје со Израел во октомври. Хамас кажа дека ќе продолжи да ги надгледува безбедноста и полицијата во деловите од Газа што останаа под негова контрола по примирјето.

    Одборот за мир назначен од Трамп соопшти дека е известен за потегот на Хамас.

    Сепак, нашата проценка ќе биде водена од акции, а не од ветувања, за да се задоволат критичните потреби на народот во Газа“, кажа Одборот.

    Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Сар, ја отфрли објавата на Хамас.

    Подготвеноста на групата да ослободи простор за технократска влада е осмислена да го спречи нејзиното разоружување. Сѐ додека Хамас го задржува своето оружје, секоја цивилна влада ќе дејствува како што диктира Хамас. Израел инсистира на целосно спроведување на планот на Трамп, вклучително и на тоа Хамас да го положи оружјето“, додаде Саар.

    Хамас одбива да се разоружи додека Израел не ги запре нападите во Газа. Израел вели дека неговите напади во Газа имаат за цел да ги спречат милитантните закани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира