ХАОТИЧЕН КРАЈ НА САМИТОТ НА Г7, ТРАМП ЈА ОТФРЛИ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА

    ХАОТИЧЕН КРАЈ НА САМИТОТ НА Г7, ТРАМП ЈА ОТФРЛИ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВААмериканскиот претседател Доналд Трмап кажа дека ваква одлука донел по изјавата на канадскиот премиер Џастин Трудо, за кого смета дека е многу понизен и слаб. (Фото: Ројтерс)

    Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече согласноста за заедничкото соопштение издадено на крајот на самитот Г7, обвинувајќи ја Канада дека е нечесна. Тој кажа дека останатите земји воведуваат големи царини за САД.

    Заедничкото соопштение, кое се залага за трговски систем базиран на правила, сепак беше постигнато и покрај тензиите околу американските тарифи за увоз на челик и алуминиум.

    Канадскиот премиер Џастин Трудо кажа дека од први јули ќе воведат реципрочни тарифи. Зборувајќи на прес-конференцијата тој кажа дека е навредлива одлуката на Трамп да се повикува на загриженост за национална сигурност за да ги оправда тарифите за челик и алуминиум.

    „Со жалење, но апсолутно, јасно и цврсто ќе продолжиме со одмазднички мерки на први јули. Канаѓаните се љубезни и разумни, но нема да дозволиме да не потценуваат“, рече Трудо.

    Неговите зборови не содржеа ништо што тој претходно не го кажа, како јавно, така и во приватниот разговор со Трамп, кажа подоцна неговиот кабинет.

    ЕУ кажа дека ќе застане зад заедничкото коминике и покрај одлуката на Трамп.

    „Ние стоиме зад определбите кои ги содржи коминикето на Г7“, кажа висок британски владин извор.

    На пат кон средбата со Ким Џонг-Ун во Сингапур, Трамп на Твитер напиша дека им наложил на американските службеници да не го одобруваат коминикето поради тарифите за автомобили.

    Тој кажа дека оваа одлука ја донел по „лажната изјава на Трудо на неговата прес-конференција и поради фактот дека Канада им наплаќа високи царини на американските фармери, работници и компании“.

    Тој сугерираше дека Трудо е „многу понизен и слаб“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира