ХДЗ ОСТАНУВА НА ВЛАСТ ВО ХРВАТСКА И ПО ДЕНЕШНИТЕ ИЗБОРИ, ПОКАЖУВААТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ

    ХДЗ ОСТАНУВА НА ВЛАСТ ВО ХРВАТСКА И ПО ДЕНЕШНИТЕ ИЗБОРИ, ПОКАЖУВААТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИИзборите се одржаа додека во земјата секојдневно расте бројот на заразени со коронавирусот (Фото: АП)

    Владејачката партија Хрватска демократска заедница ќе биде победник на денешните парламентарни избори во Хрватска, покажуваат излезните анкети. Тие се одржаа додека во земјата секојдневно се зголемува бројот на заразени со коронавирусот, па гласачите се советуваа да носат свое пенкало од дома.

    Според анкетите, ХДЗ треба да освои 61 пратеничко место од можни 151, а на второто место е коалицијата Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија, на која ќе ѝ припаднат 44.

    Татковинско движење, десничарската партија на претседателскиот кандидат Мирослав Шкоро, ќе има 16 пратеници.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира