ХЕГСЕТ ГО НАЗНАЧИ МАСК ЗА ЕДЕН ОД ВОДАЧИТЕ НА НОВ ПРОЕКТ ЗА ИДНИНАТА НА ВОЈУВАЊЕТО

    ХЕГСЕТ ГО НАЗНАЧИ МАСК ЗА ЕДЕН ОД ВОДАЧИТЕ НА НОВ ПРОЕКТ ЗА ИДНИНАТА НА ВОЈУВАЊЕТОХегсет вели дека САД мора да постигнат доминација на секое идно бојно поле (Фото: АП)

    Министерот за одбрана Пит Хегсет објави неколку големи промени во американската војска, вклучително и воспоставување нова команда за беспилотни летала и намалување на бројот на генерали и адмирали за 20%.

    Пентагон, исто така, ќе започне со истражување на иднината на војувањето, кое ќе го водат извршниот директор на „СпејсЕкс“, Илон Маск, поранешниот спикер на Претставничкиот дом, Њут Гингрич и директорот на воено-технолошката компанија „Андурил“, Палмер Лакли. Хегсет кажа дека Пентагон очекува „Проектот Меридијан“ да ги достави своите наоди во рок од 120 дена.

    „Проектот има за цел креативно да погледне во иднината и да ги идентификува доменот што мора да го освоиме и способностите што мора да ги совладаме. Работата ќе биде фокусирана на откривање, развој и опремување со оружје и системи што ќе им бидат потребни на нашите деца и на нашите внуци во текот на нивниот живот. Мора да постигнеме доминација на секое идно бојно поле, од подземјето до Месечината“, рече Хегсет.

    Шефот на Пентагон ја објави намерата да создаде нова команда која ќе го надгледува распоредувањето на автономни и роботски способности.

    „Темпото на војната се менува побрзо од процесот за нејзина поддршка“, кажа Хегсет и ја посочи пионерската употреба на дронови од страна на Украина.

    „Лекцијата од Украина не е дека еден вид дронови победува во војни, туку потребата од наменски изграден систем што ја максимизира способноста за прилагодување“, додаде Хегсет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира