Едно лице загина во уривањето на хеликоптер на покривот од зграда на Менхетн, објавија противпожарните власти на Њујорк. Тие додаваат дека во леталото немало други патници.
Градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека хеликоптерот се урнал на врвот од 54-катница, која притоа се затресла, но пожарот бргу бил ставен под контрола. Кулата се наоѓа во близина на центарот Рокфелер и Тајмс сквер.
„Нема информации дека некој друг е повреден во зградата“, изјави Куомо.
Снимките од местото на несреќата покажуваат дека ниту самата зграда не претрпила оштетувања од експлозијата.
Инцидентот се случил околу 14 часот по локално време, во услови кога имало дожд и магла во Њујорк. Првичните извештаи кажуваат дека хеликоптерот се урнал кога сакал принудно да слета.