Најмалку четири лица загинаа откако италијански хеликоптер од мировните сили на ЕУ стационирани во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) се урна кај Брчко.
Хеликоптерот е италијански, потврди министерството за одбрана на Италија. Според босанските медиуми, во хеликоптерот имало 15 италијански војници, од кои четворица загинале, а 11 се повредени.
Несреќата се случи во близина на селото Горице на границата со Хрватска и недалеку од границата со Србија.
Италијанските власти не коментираа за причината за несреќата, туку само кажаа дека спасувачките екипи веднаш дошле на местото на настанот.
Паднатиот хеликоптер бил „ЦХ-47 чинук“, голем транспортен хеликоптер со два ротора. Во несреќата нема повредени цивили, ниту штети на имоти и возила.



