Холандија објави дека ќе купи американско оружје во вредност од 500 милиони долари, станувајќи првата членка на НАТО која ќе придонесе во нов механизам за поддршка на украинската одбрана. Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека пакетот ќе вклучи и ракети и делови за системи „патриот“.
„На Украина итно ѝ се потребни зајакната воздушна одбрана и муниција. Холандија ќе биде првата земја од НАТО која ќе испорача пакет оружје произведени во САД во вредност од 500 милиони евра“, напиша Брекелманс на Икс.
Шефот на НАТО, Марк Руте, ја поздрави објавата и додека дека очекува и други членки да ја следат Холандија.
Доналд Трамп минатиот месец кажа дека САД ќе обезбедат оружје за Украина што ќе го платат европските сојузници, без да изнесе детали како би функционирало тоа.
„Делуваме најбрзо што можеме. Холандија е прва. Очекувам повеќе земји да објават во наредните недели дека ќе учествуваат“, изјави американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер.