ХОЛАНДИЈА ГИ ВРАЌА КОРОНАМЕРКИТЕ БИДЕЈЌИ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ЗАБРЗАНО РАСТЕ

    ХОЛАНДИЈА ГИ ВРАЌА КОРОНАМЕРКИТЕ БИДЕЈЌИ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ЗАБРЗАНО РАСТЕПремиерот Руте вели дека мерките се неопходни (Фото: АНП)

    Холандија ги враќа коронамерките по последниот пораст на бројот на заразени, вклучувајќи заштитни маски на повеќето јавни места, објави премиерот Марк Руте. Тој додаде дека владата ќе го врати и правилото за социјално дистанцирање, а ковид пропусниците ќе се бараат и на места како музеи и тераси на ресторани.

    Луѓето се советуваат да работат од дома барем пола недела и да го избегнуваат јавниот превоз кога се најголемите гужви.

    Холандија е една од првите земји од западна Европа која ги враќа рестрикциите, помалку од два месеца откако тие беа драстично олеснети.

    „Овие тешки одлуки нема никого да изненадат. Бројот на заразени и хоспитализирани забрзано расте“, кажа Руте.

    Холандија ги имаше некои од најлабавите мерки во Европа во почетокот на пандемијата, а потоа драстично го заостри откако вториот бран тешко ја погоди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира