ХОЛАНДИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ВО ТУРЦИЈА ПОРАДИ СПОР ОД МАРТ 2017

    ХОЛАНДИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ВО ТУРЦИЈА ПОРАДИ СПОР ОД МАРТ 2017Холандија ги паузира разговорите со Турција за решавање на спорот што почна во март минатата година (Фото: АА)

    Холандија и официјално го повлече својот амбададор во Турција, на кого една година му беше блокиран влез во земјата поради спор што почна во март 2017 година.

    Како друга мерка, министерството за надворешни работи објави дека нема да ги прифати акредитивите на новиот амбасадор на Турција во Холандија.

    „Ги паузираме разговорите со Турција околу решавањето на ова прашање“, соопшти министерството.

    Владите на двете земји дојдоа во конфликт, откако Холандија одби да им издаде визи на турски официјални лица, кои сакале да шират политичка пропаганда меѓу турската дијаспора во врска со референдумот за измени на уставот. Притоа, на авионот што го превезувал турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му било забрането да слета во Амстердам.

    Ова се случувало паралелно со одржувањето на парламентарните избори во Холандија на 14 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира