ХОЛАНДИЈА ЌЕ ГО МЕНУВА ИМЕТО ЗА МЕЃУНАРОДНА УПОТРЕБА

    ХОЛАНДИЈА ЌЕ ГО МЕНУВА ИМЕТО ЗА МЕЃУНАРОДНА УПОТРЕБАHolland во иднина ќе биде The Netherlands, а можеби ќе се отфрли и лалето

    Холандските власти одлучија да го ребрендираат меѓународниот имиџ на земјата, преименувајќи ја од Holland во The Netherlands.

    Ова е заедничка иницијатива на министрите, спортските и културните институции и на градоначалниците на големите градови, кои сметаат дека новата стратегија треба да биде помалку промотивна, а повеќе за содржината. Деталите ќе бидат објавени следната година, но маркетиншки експерти кажаа дека земјата сака да се наметне себеси како „кокреатор на пионерски решенија за глобални предизвици“.

    Државите и градовите посериозно го сфатија брендирањето последниве години, со цел да се ослободат од клишеа, да дадат позитивна слика за себеси или да кренат свест.

    Сегашното име Holland, илустрирано со портокалово лале, ќе се промени во пресрет на два големи настана следната година, Летни олимписки игри во Токио и Евровизија во Ротердам. Портокаловата ќе остане официјалната боја, но засега е непознато дали ќе се задржи лалето.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари