ХОЛАНДИЈА НЕ МОЖЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА РЕКОРДНИ 226 ДЕНА, НО ЕКОНОМИЈАТА БЕЛЕЖИ СИЛЕН РАСТ

    ХОЛАНДИЈА НЕ МОЖЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА РЕКОРДНИ 226 ДЕНА, НО ЕКОНОМИЈАТА БЕЛЕЖИ СИЛЕН РАСТПартијата на досегашниот премиер Марк Руте оствари убедлива победа на изборите во март (Фото: Гети)

    Преговорите за формирање влада во Холандија влегоа во 226. ден и станаа најдолги во историјата на земјата, откако изборите на 17 март ја расцепкаа политичката карта и повеќе од кога било ги натераа партиите да не прифаќаат компромиси.

    Формирањето коалициска влада во Холандија вообичаено трае со месеци, но оваа година преговорите особено се одолжија. Со месеци, партиите не успеаја да отидат подалеку од прашањето кој треба да седне на преговарачката маса.

    „Ова е исклучително. Никогаш досега не сме виделе ситуација со месеци да нема вистински преговори после избори“, вели историчарката Карла фан Бален.

    Разговорите запнаа набргу по изборите откако партиите се обидоа да ги поправат меѓусебните односи по неуспешното гласање за недоверба на премиерот Марк Руте. Четирите партии кои формираа влада по изборите во 2017 минатиот месец конечно се согласија да ја продолжат соработката, но оттогаш не е виден никаков напредок.

    Немањето функционална влада не се одрази негативно врз холандската економија, која силно се поврати по падот во пандемијата и може да се пофали со една од најголемите стапки на раст во Европа.

    Светскиот рекорд го држи Белгија, која во 2010-11 беше без влада 541 ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира