ХОЛАНДСКИ БАНДИ СО ЕКСПЛОЗИВ ОГРАБУВААТ БАНКОМАТИ ВО ГЕРМАНИЈА

    ХОЛАНДСКИ БАНДИ СО ЕКСПЛОЗИВ ОГРАБУВААТ БАНКОМАТИ ВО ГЕРМАНИЈАНа шеснаесет холандски државјани следната недела ќе им се суди во Бамберг во северна Баварија под обвинение за кревање во воздух околу 90 германски банкомати и кражба на околу 7 милиони евра. (Фото: ДПА)

    Холандските банди кои со експлозиви ограбуваат банкомати го префрлија својот фокус на Германија, објави полицијата во Хаг. Минатата година, бандите нападнале осум банкомати во Холандија, за разлика од 367-те нападнати преку границата во Германија, се вели во извештајот. Се додава дека 137 холандски државјани биле уапсени во текот на годината за кревање во воздух банкомати во Германија.

    „Тоа стана извозен производ“, рече портпаролот на полицијата, додавајќи дека бандите ограбиле банкомати и во Швајцарија, Австрија и Белгија.

    Мерките преземени во Холандија за спречување на овие напади беа релативно успешни. Банкнотите украдени на овој начин стануваат бескорисни бидејќи автоматски се влепуваат заедно по експлозијата. Бројот на банкомати во Холандија е и многу помал, бидејќи безготовинското плаќање е многу почеста појава.

    Полицијата во двете земји соработува сè повеќе, а нападите на германските банкомати од холандските банди се намалија од највисоката бројка од 442 во 2022. Во првиот квартал од оваа година, бандите нападнале 56 банкомати во Германија, што е значително помала бројка во однос на минатата година.

    На шеснаесет холандски државјани следната недела ќе им се суди во Бамберг во северна Баварија под обвинение за кревање во воздух околу 90 германски банкомати и кражба на околу 7 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира