Дванаесетгодишно момче од холандскиот град Гронинген ја доби судската битка да му се дозволи да биде вакциниран против ковид-19 за да може да ја посетува својата тешко болна баба, и покрај одбивањата на таткото. Судот пресудил дека вакцината би можела да ги намали шансите за пренесување на заразата на жената, која има рак во напредна фаза.
Холандија ги има одобрено ковид вакцините за децата од 12 до 17 години, а за децата под 12 години потребна е согласност од родителите.
„Момчето би требало да се вакцинира зашто неговите интереси се поважни од грижите на таткото“, кажа судијата Барт Тромп од општинскиот суд во Гронинген.
Во судските документи стои дека момчето сакало да поминува што е можно повеќе време со баба му, која има метастазиран рак на грлото и е во последна фаза од животот. Судијата како научно неосновани ги отфрлил грижите на таткото дека вакцините се во пробна фаза и претставуваат опасност за репродуктивните органи. Мајката на момчето ја поддржала судската одлука.