ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР РУТЕ ДОБИЛ ЗАСИЛЕНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОРАДИ НАВОДНА ЗАКАНА ОД НАРКОМАФИЈА

    ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР РУТЕ ДОБИЛ ЗАСИЛЕНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОРАДИ НАВОДНА ЗАКАНА ОД НАРКОМАФИЈАРуте редовно може да се види на велосипед без видливо обезбедување (Фото: Гети)

    Холандскиот премиер Марк Руте добил дополнително обезбедување поради стравувањата дека би можел да биде цел на напад или киднапирање од страна на криминална банда. Весникот „Телеграф“ објави дека Руте бил следен од набљудувачи поврзани со наркомафија.

    „Многу сериозно се пристапува на ова“, изјави новинарот на „Телеграф“, Мик фан Вели.

    Холандските власти и Руте одбија да коментираат.

    Наводната закана следува по убиството на угледниот новинар Петер де Фрис, кој го истражуваше криминалното подземје во Холандија. Неговото убиство во јули ја шокираше земјата, каде што пукањата поврзани со организираниот криминал станаа почести во изминатите години.

    На функцијата од 2010, Руте редовно може да се види на велосипед, а на состаноци во Хаг најчесто доаѓа без видливо обезбедување. „Телеграф“ објави дека Руте бил заштитен со видливи и невидливи мерки откако се дознало за заканите. Според Фан Вели, тие доаѓаат од мрежа на шверцери на дрога позната како Мокро мафија.

    Во криминалниот свет, набљудувачи се лица кои собираат информации за подготовка на напад или киднапирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира