ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР РУТЕ ОБЈАВИ ДЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТА

    ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР РУТЕ ОБЈАВИ ДЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТАРуте е премиер со најдолг стаж во историјата на Холандија (Фото: Гети)

    Холандскиот премиер Марк Руте објави дека нема да се бори за петтиот мандат и дека ќе ја напушти политиката по изборите во ноември. Тој во петокот поднесе оставка откако неговата коалициска влада не успеа да постигне договор за построги имиграциски политики.

    „Во изминатите денови имаше многу шпекулации за тоа што ме мотивира. Единствениот одговор е Холандија. Вчера донесов одлука дека веќе нема да бидам лидер на партијата ВВД, а откако ќе се формира нов владин кабинет, целосно ќе ја напуштам политиката“, изјави 56-годишниот Руте, додавајќи дека не е заинтересиран за висока функција во меѓународни организации.

    Предводејќи четири различни коалиции, Руте е премиер со најдолг стаж во историјата на Холандија, откако првпат беше избран во октомври 2010. Тој ќе остане привремен премиер до формирањето на новата влада по следните избори, што во Холандија знае да трае со месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира