ХОЛАНДСКИТЕ ФАРМЕРИ СЕ ГНЕВНИ НА ВЛАДАТА, БЛОКИРААТ АВТОПАТИ И ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ ПОРАДИ ПЛАНОТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО

    ХОЛАНДСКИТЕ ФАРМЕРИ СЕ ГНЕВНИ НА ВЛАДАТА, БЛОКИРААТ АВТОПАТИ И ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ ПОРАДИ ПЛАНОТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТОХоландските фармери на 5 јули запалија сено на автопатот А50 близу Апелдорн. (Фото: ХартванНЛ)

    По холандските автопати горат бали сено. Рафтовите во супермаркетите се празни бидејќи фармерите ги блокираат дистрибутивните центри. Полицијата пука по трактори.

    Холандските фармери деновиве искажуваат незадоволство и немаат намера да се повлечат. Тие се гневни на плановите на холандската влада да ги намали емисиите на азотен оксид и амонијак што, според нив, ќе го уништи нивниот начин на живот и ќе ги остави без егзистенција.

    Ако се спроведат плановите на владата, земјоделскиот сектор во Холандија ќе доживее радикална трансформација и слични протести се очекуваат и во другите европски земји каде што се најавени слични реформи.

    Холандската влада вели дека реформите се прават за да се заштити здравјето на луѓето и животната средина од загадување од азотен оксид и амонијак кои што се создаваат од сточната индустрија.

    Во Холандија има регистрирано 1,57 милиони крави за млеко и нешто над милион телиња за месо. Холандските фарми имаа извоз од 94,5 милијарди евра во 2019 година.

    Холандската влада планира да ги намали емисиите на азотен оксид и амонијак за 50 отсто до 2030 година и има обезбедено 24,3 милијарди евра за да ги финансира промените. Регионалните власти имаат рок од една година да направат планови за да се оствари намалувањето.

    Фармерите протестираат со години против политиките на владата, но оваа промена беше причина за нови протести, со блокади со трактори на автопатите и на дистрибутивните центри. Фармерите исто така се судрија со полицијата пред домот на министерот задолжен за намалувањето на емисиите. Неделава, полицаец пукаше во трактор возен од 16-годишник.

    Холандската влада назначи посредник во преговорите со фармерите, но тоа веднаш беше отфрлен од фармерите.

    „Владата не остава простор за да водиме вистински разговори. Под овие услови, разговор со посредник нема смисла“, рекоа од ЛТО, најголемата лоби група на фармерите во земјата.

    ЛТО, која претставува околу 30 илјади фарми, речиси половина од вкупниот број во Холандија, вели дека планот за намалување на емисиите е неостварлив.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира