ХОЛАНЃАНИТЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИЈА ПРЕПОРАКИ ДА НОСАТ МАСКА И ВО ПРОДАВНИЦИ

    ХОЛАНЃАНИТЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИЈА ПРЕПОРАКИ ДА НОСАТ МАСКА И ВО ПРОДАВНИЦИВолонтери делат маски на улиците на Амстердам, откако денеска на сила стапија нови мерки (Фото: АП)

    Холандија воведува нови мерки за да го стави под контрола вториот бран на ширењето на коронавирусот, при што на голем број жители за првпат ќе им биде препорачано да носат маска и во продавници.

    Во споредба со соседните земји, Холандија досега одбиваше да воведе строги ограничувања, но оваа недела се регистрираат речиси 3.000 новозаразени на ден. Новите мерки стапуваат на сила денеска и ќе траат најмалку три недели.

    „Правиме најдобро што можеме, но на вирусот му оди уште подобро“, изјави министерот за здравство Хуго де Јонг.

    Премиерот Ханс Руте кажа дека ситуацијата во трите најголеми града Амстердам, Ротердам и Хаг станала многу сериозна и затоа е потребна акција.

    Од денеска, на луѓето им се советува да ги избегнуваат сите несуштински патувања меѓу овие градови, рестораните и баровите ќе треба да затворат до 22 часот, а носењето маска ќе биде задолжително и во продавници, не само во јавен превоз. Исто така, луѓето се советуваат да работат од дома ако можат.

    Во почетокот на епидемијата, Холандија усвои стратегија на „интелигентен карантин“ и не го затвори јавниот живот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира