Секој израелски граѓанин, вклучувајќи ги и хомосексуалните двојки, ќе може да има деца со помош на сурогат мајка, по измена на закон. Министерот за здравство Ницан Хоровиц ги презентираше законските измени, кои ќе стапат во сила на 11 јануари.
„Денеска правиме историја“, изјави тој пред новинарите.
Досега им беше дозволено само на хетеросексуалните двојки да имаат деца со помош на сурогат мајка, но и тоа беше под строги услови.
Законските измени доаѓаат по одлука на Врховниот суд од минатата година, според која досегашните законска регулатива ги нарушувала човековите права.
„Ова е историски ден за борбата на ЛГБТ во Израел, за долгата борба за еднаквост за сите, и историски ден за целото израелско општество“, кажа министерот Хоровиц.