ХОМОСЕКСУАЛНОСТА НЕ Е ЗЛОСТОРСТВО, ВЕЛИ ПАПАТА ФРАЊО

    ХОМОСЕКСУАЛНОСТА НЕ Е ЗЛОСТОРСТВО, ВЕЛИ ПАПАТА ФРАЊОПапата смета дека законите кои ја криминализираат хомосексуалноста се неправедни (Фото: АП)

    Папата Фрањо ги критикуваше законите кои ја забрануваат хомосексуалноста, додавајќи дека Господ ги сака сите свои деца такви какви што се. Тој исто така ги повика католичките свештеници кои ги поддржуваат ваквите закони да примаат ЛГБТ луѓе во црквата.

    Да се биде хомосексуалец не е злосторство“, кажа папата во интервјуто за агенцијата АП.

    Тој призна дека католичките свештеници во некои делови од светот ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТ заедницата. Таквите ставови ги припиша на културните средини и рече дека свештениците треба да поминат низ процес на промена за да се признае сечие достоинство.

    Тие свештеници треба да поминат низ процес на преобраќање. Треба да применуваат нежност, каков што е Господ кон сите нас“, кажа папата.

    Истополовите сексуални активности се сметаат за кривично дело во 67 држави низ светот, а во 11 се казнуваат со смртна казна.

    Таквите закони се неправедни и Католичката црква може и би требала да работи на нивното укинување. Тоа мора да се направи. Сите сме деца на Господ и Господ сите ги сака такви какви што се“, кажа Фрањо.

    Тој додаде дека мора да се направи разлика помеѓу злосторство и грев кога се зборува за хомосексуалноста.

    Таа не е злосторство, но е грев. Добро, но прво мора да направиме разлика помеѓу злосторство и грев. Грев е и да немате милосрдие еден со друг“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира