ХОНГКОНГ ГИ ОТКАЖА СИТЕ ЛЕТОВИ ОТКАКО ИЛЈАДНИЦИ ПРОДЕМОКРАТСКИ ДЕМОНСТРАНТИ ВЛЕГОА НА АЕРОДРОМОТ

    ХОНГКОНГ ГИ ОТКАЖА СИТЕ ЛЕТОВИ ОТКАКО ИЛЈАДНИЦИ ПРОДЕМОКРАТСКИ ДЕМОНСТРАНТИ ВЛЕГОА НА АЕРОДРОМОТДемонстрантите во Хонгконг веќе два месеца повикуваат на демократски реформи. (Фото: АП)

    Меѓународниот аеродром во Хонгконг, еден од нафрекфентните аеродроми во светот, ги откажа сите летови откако илјадници демонстранти го преполнија главниот терминал. Властите соопштија дека демонстрациите „серозно ги нарушиле“ активностите на аеродромот. Полетаа само летовите за кои почнала процедурата за качување на патниците, додека сите летови до крајот на денот се откажани.

    Изминативе два месеца во Хонгконг се одржаа масовни протести, кои повикуваат на демократски реформи и за независнa истрага за однесувањето на полицијата, откако и демонстрантите и полицијата преземаа екстремни мерки.

    Од кабинетот во Пекинг за надворешни работи за Хонгконг и Макао изјавија дека ситуацијата во Хонгконг, „почнува да покажува знаци на тероризам“ и дека претставува „егзистенцијална закана за населението на Хонгконг“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира