Хрватска вчера успешно го лансираше својот прв сателит од американската воздушна база Ванденберг во Калифорнија и тој веќе воспоставил комуникација со Земјата. „КроКјуб“ бил лансиран на ракетата „Фалкон 9“ на „СпејсЕкс“ и ова означува влегување на Хрватска во сферата на вселенската технологија.
„Хрватска се придружи на повеќе од 80 држави кои имаат свој сателит во вселената. Сателитот ќе остане во орбитата на Земјата околу две години, на височина од 550 километри“, кажа водителката на мисијата „КроКјуб“, Даниела Јовиќ.
„КроКјуб“, кој се создаваше три години, е наносателит со тежина од 1,1 килограм и неговата задача ќе биде да ја фотографира Земјата и да врши научни мерења. Тој содржи и научен модел од хрватско производство, кој ќе собира податоци.
„Ова е историски настан што ја внесува Хрватска во вселенската ера. Главната цел на проектот е да се поттикне технолошкиот развој на Хрватска и да се зголеми интересот за астрономија и вселенски проекти“, кажа Јовиќ.