Хрватска го потврди првиот случај на коронавирусот КОВИД-19 во земјата.
„Станува збор за помлад маж кој е сместен на Клиниката за инфективни болести во Загреб“, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Тој додаде дека заразениот е во добра здравствена состојба.
„Денеска ги добивме резултатите за хрватскиот државјанин кој престојувал во Милано од 19 до 21 февруари. Тој покажувал благи симптоми на болеста. Ги преземаме сите потребни мерки и здравствените власти се фокусираат на лицата со кои тој бил во контакт“, кажа Пленковиќ.
Во Риека се тестираат уште девет лица кои биле хоспитализирани по враќањето од Италија. Директорот на тамошниот Клинички центар кажа дека еден од нив е ставен во изолација.