ХРВАТСКА ЌЕ ЈА НАМАЛИ МУЗИКАТА ВО КАФУЛИЊАТА ОТИ КОГА ЛУЃЕТО ПОМАЛКУ ВИКААТ ВИРУСОТ ПОМАЛКУ СЕ ШИРИ

    ХРВАТСКА ЌЕ ЈА НАМАЛИ МУЗИКАТА ВО КАФУЛИЊАТА ОТИ КОГА ЛУЃЕТО ПОМАЛКУ ВИКААТ ВИРУСОТ ПОМАЛКУ СЕ ШИРИХрватските власти велат дека нивното барање е поткрепено со научни истражувања (Фото: Ројтерс)

    Националниот штаб на цивилна заштита ќе побара од угостителските објекти да ја намалат музиката во рамките на новите мерки за борба против ширењето на коронавирусот. Ова го потврди министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ, кој раководи со штабот, велејќи дека ова барање е поткрепено со научни студии.

    Планираме да имаме состанок со угостителите. Мора да разговараме за сѐ што нѐ чека во наредниот период, па така и за стишувањето на музиката во кафулињата и баровите. Не е никаква тајна дека постојат научни истражувања кои го потврдуваат тоа. Кога луѓето помалку викаат, и вирусот помалку се шири“, кажа Божиновиќ.

    Штабот неодамна повторно ја продолжи забраната за работа на ноќните клубови, баровите и кафулињата после полноќ и оваа одлука останува на сила до 7 октомври.

    Истражување на Универзитетот Калифорнија покажало дека зголемувањето на бучавата за 35 децибели придонесува да се испуштаат 50 пати повеќе честички на вирусот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира