ХРВАТСКИ ГЕНЕРАЛ ПОЧИНА ОТКАКО ИСПИ ОТРОВ ВО СУДНИЦАТА ВО ХАГ

    ХРВАТСКИ ГЕНЕРАЛ ПОЧИНА ОТКАКО ИСПИ ОТРОВ ВО СУДНИЦАТА ВО ХАГСлободан Праљак се напи од шишенцето, откако Хаг му ја потврди пресудата од 20 години затвор за воени злосторства во БиХ (Фото: Ројтерс)

    Слободан Праљак, началникот на главниот штаб на хрватската војска за време на војната во БиХ, почина откако испи отров во судницата во Хаг, додека се читаа пресудите на Меѓународниот суд за воени злосторства на територијата на поранешна Југославија.

    Седумдесет и двегодишниот генерал и поранешен филмски режисер се напи од непозната течност од шишенце, за кое кажа дека е отров, викајќи дека ја отфрла одлуката на Хашкиот суд, што него и уште петмина други хрватски генерали ги товареше за етничко чистење на муслиманите во Херцег-Босна, територија под контрола на босанските Хрвати.

    Праљак ја испи течноста, откако му беше потврдена претходната казна од 20 години, по што процесот беше прекинат.

    „Генерал Праљак не е воен злосторник и со презир ја отфрлувам вашата пресуда“, кажа Праљак во преносот што се емитуваше и на Хрватската телевизија.

    Праљак, Јадранко Прлиќ, Бруно Стоиќ, Миливој Петковиќ, Валентин Ќориќ и Берислав Пусиќ за првпат беа осудени во 2013 година, но жалбениот совет при трибуналот поништи некои од обвиненијата.

    По овој процес, Меѓународниот суд за воени злосторства на територијата на поранешна Југославија престанува со работата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира