ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ ЈА НАЛУТИ СОФИЈА ОТКАКО ИЗЈАВИ ДЕКА БУГАРИЈА Е ДНОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

    ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ ЈА НАЛУТИ СОФИЈА ОТКАКО ИЗЈАВИ ДЕКА БУГАРИЈА Е ДНОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈАБугарија ги опиша изјавите на Милановиќ како неприфатливи (Фото: АП)

    Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја налути Софија откако изјави дека Бугарија е дното на Европската Унија. Сфаќајќи го ова како дипломатски скандал, Бугарија ја повика на разговор хрватската амбасадорка во Софија, Јасна Огњановац, за да изрази негодување од изјавата на Милановиќ, дадена на 27 април.

    Кога станува збор за управувањето со европските пари, Хрватска е на дното на Европската Унија. Единствено Бугарија е полоша. И секој ден се молиме да остане така и ништо да не ѝ се случи, зашто во тој случај Хрватска би била последна“, кажа Милановиќ.

    Од бугарското министерство за надворешни работи изјавија дека се длабоко разочарани од Милановиќ.

    Таквата изјава е неприфатлива за Бугарија и не соодветствува со одличните билатерални односи помеѓу двете земји. Се надеваме дека хрватската влада ќе се огради од ваквите изјави. Од почит кон премиерот Пленковиќ нема пожестоко да протестираме“, соопшти бугарското МНР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира