ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕМИЕР НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛ

    ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕМИЕР НА ИЗБОРИТЕ ВО АПРИЛМилановиќ кажа дека ќе поднесе оставка од претседателската функција ако победи на претстојните парламентарни избори. (Фото: СДК.МК)

    Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги закажа парламентарните избори за 17 април и кажа дека ќе се кандидира за премиер, предизвикувајќи дилеми во хрватската јавност дали неговиот потег е уставен. 

    Парламентарните избори требаше да се одржат наесен, но владата на ХДЗ одлучи да се одржат пред изборите за Европскиот парламент во јуни.

    Милановиќ доаѓа од опозициската СДП и неговиот претседателски мандат истекува во февруари следната година. 

    „Има времиња… кога треба да се излезе од комфорната зона“, кажа Милановиќ на вчерашната прес-конференција.

    Тој кажа дека ќе поднесе оставка од претседателската функција ако победи на претстојните избори, пто според неколку хрватски експерти по уставно право е спорно, бидејќи води до многу непредвидени ситации. Една таква ситуација е што може да се случи сам на себе да си го додели мандатот за составување влада. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира