ХУМАНИТАРНИТЕ АГЕНЦИИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ДА ВНЕСАТ ПОМОШ ВО ГАЗА, ПРИМИРЈЕТО ФУНКЦИОНИРА

    ХУМАНИТАРНИТЕ АГЕНЦИИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ДА ВНЕСАТ ПОМОШ ВО ГАЗА, ПРИМИРЈЕТО ФУНКЦИОНИРАAгенцијаta за помош на ОН, УНРВА, соопшти дека има складирано доволно храна за да го нахрани секој Палестинец во Газа во следните три месеци. (Фото: Ројтерс)

    Хуманитарните агенции се подготвуваат да достават големи количини витална помош за гладното население во Газа, во услови кога се чини дека примирјето меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас се одржува. Според планот, хуманитарните групи се подготвуваат да испраќаат околу 600 камиони со храна и медицински материјали дневно.

    „Добивме сигнали дека утре ќе биде денот кога ќе започне зголемувањето на испораките на помош под услови на прекин на огнот“, изјави Тес Инграм, портпаролка на агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ.

    „Влогот е навистина голем“, рече Инграм во телефонски разговор од Газа.

    „Иако имаме прекин на огнот, што значи дека бомбардирањето престанува, хуманитарната криза продолжува. Сè уште треба да се бориме со гладот и болестите се шират, па навистина ни е потребно тоа зголемување на помошта да се случи брзо и ефикасно“, додаде таа.

    Инграм кажа дека УНИЦЕФ бара повторно да се отворат сите премини од Израел во Газа, за камионите да можат брзо да се движат „без одложувања или пречки“.

    Друга агенција за помош на ОН, УНРВА, соопшти дека има складирано доволно храна за да го нахрани секој Палестинец во Газа во следните три месеци. Директорката за комуникации, Џулиет Тума, изјави дека дистрибуцијата на помошта е „апсолутно клучна за контрола на ширењето на гладот“.

    Десетици илјади тони залихи се позиционирани во соседните земји како Јордан и Египет. За време на војната, Израел ги затвори влезните и излезните рути, во голема мера блокирајќи ја храната и лековите, што предизвика глад во големи делови од Газа.

    Во саботата, италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека преминот Рафа, клучна точка за движење меѓу Газа и Египет за камиони со помош, но и за луѓе, ќе биде повторно отворен во вторник. Израел ја презеде контролата врз граничниот премин минатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира